Вести Македонија Најважни

Уште 25-мина Македонци евакуирани од Кабул

Рано утрово, втората група од 25 македонски државјани е префрлена од Кабул со воен авион, потврдија за Телма роднини на евакуираните.

Втората група македонски државјани е евакуирана во Дубаи каде пристигнале околу 7:30 по македонско време. Со нив треба да се сретне македонскиот конзул од Абу Даби.

Во Кабул Вќера имаше вкупно 75 македонски државјани разделени во три групи од по 25 луѓе, од кои последната беше сместена во воената база на аеродромот, а првата уште во текот на попладнето беше префрлена во Доха, Катар. Евакуацијата беше отежната поради хаосот на аеродромот во Кабул и покрај обидот на американската војска да обезбеди контрола.

Во нередите загинаа најмалку 7-мина, од кои тројца паднаа од авион што полета бидејќи не успеале да се качат внатре туку останале на авионските крила.

МНР најави прес за 10:30 часот за повеќе детали за евакуацијата од Авганистан на македонските државјани.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Техеран без коментар за наводниот план за атентат кон Трамп – денес двете страни во нова рунда преговори во Оман

Tea Dimkovska

Министерството за култура и туризам го укина конкурсот за кофинансирање странски издавачи за објави на преводи од македонски автори

Tea Dimkovska

Партиските надмудрувања го „глават“ донесувањето на новиот Изборен законик

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе