Почна проценката на штетата на пасиштата во земјава, кои беа зафатени во големите пожари. Екипите стартуваат од атарот на кочанските села Тркање и Бање, каде што на Илинден огнот на неколку метри дојде и до куќите, а изгореа сува трева и ниско стеблеста шума. Токму на овие пасишта во кочанско се напасуваат околу 1.000 овци. Врз основа на анализите и колкава површина е изгорена ќе се знае и точната штетата, но и колку ќе биде потребно да се возобноват пасиштата
Сточарот Илија Стојков до пред големиот пожар, на овие пасишта си го напасувал стадото од 400 овци. Сега вели на мака се сточарите од кочанско и пијанечко-малешевскиот регион, каде што месецов беснее големи пожари.
Мината недела од Пијанечко-Малешевскиот регион, заменик министерот за земјоделство, Трајан Димковски најави интервентна мерка за набавка на храна на сточарите, кои алармираа дека се соочуваат со намалување на сточниот фонд, но и на брендираното малешевски сирење и јагне.
Викторија Димитрова Јованова
