Поранешните професионални војници бараат од Министерството за одбрана да ги прерaспореди во други институции на соодветни работни места. Дури предлагаат да бидат ангажирани и како пожарникари. Во спротивно нема да учествуваат ниту во пописот, ниту децата ќе ги пуштата на настава.
Од Министерството за одбара веднаш им одговорија дека веќе се одбиени согласности за распределба на професионалните војници над 45 години, но дека ќе мора да чекаат да поминат локалните избори. Министерството апелира и што поскоро во Собранието да се изласаат промените во Законот за служба во Армијата, со цел побрзо решавање на нивниот статус.
