Во тек е акција на гаснење на пожарот кој попладнево се случи во село Побожје, општина Чучер Сандево.
На терен интервенираат противпожни екипи од Скопје, на кои проблем им прави недостатокот на вода која повремено ја снемува во текот на летото, велат мештаните.
Во пожарот се зафатени две куќи лепенки.
Според еден од сопствениците, можно е дека пожарот е подметнат или да е предизвикан од електричен спој.
Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
