Лицата со попреченост по трет пат излегоа на протести. Незадоволни се од владата која, како што рекоа, не ја спроведува конвенцијата за правата на лицата со попреченост а координативното тело формирано за спроведување на конвенцијата, не си ја врши работата.
Од коалицијата “Менуваме”, ги повторија барањата за кои како што велат, пратениците се обврзале да ги исполнат пред една година и ја повикаа министерката да ги исполни ветувањата а не да излегува со соопштенија.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
