Македонија Топ вести

Уапсени две лица за подметнување на пожар во Преспанско-Пелагонискиот регион

За два дена во Преспанско Пелагонискиот регион, полицијата уапси двајца осмничени за подметнување на пожар.

Едно лице од Лева Река, во ресенско, е лишен од слобода под сомнение дека го предизвикал пожарот во  нискостеблеста шума во близина на селото, а утрово приведен е 34 годишен жител од прилепско  Дабница, кој вчера предизвикал пожар во атарот на селото, горејќи кабли, па огнот се проширил и на сува трева.

-Утрово  околу 06:15 часот во м.в.Дабница, прилепско, во близина на споменикот, од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп лишен од слобода е М.Е. (34) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар на место викано Дабница, кој утрово е локализиран од страна на противпожарната единица од Прилеп. Во координација со Јавен обвинител се работи на расчистување на овие случаи, изјави Сашо Гилевски, началник на отсек за превенција во СВР Битола.

Освен овие две лица, полицијата завчера лиши од слобода  и 32 годишен државјанин на Албанија со илегален престој во Македонија,   осомничени дека го подметнал пожарот кај гостиварско Пожаране.

За пожарот во Старо Нагоричане,  осoмничено едно лица, а има двајца осминичени за пожарот кој на 3 август беше пријавен кај село Блаце кон Катланово.

Од полицијата потсетуваат дека на сила е забраната за движење низ шуми, а за подметнување на шумски пожар предводена е и затворска казна.

-Предизвикувањето на шумски пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици, вели Гилевски. 

Над 70 лица, пешадиски сили на АРМ, пожарникари, вработени во јавните претпријатија иа Македонски шуми се распределени на Бабуна и се борат со огнената стихија која 5 дена на неколку локации беснее во прилепскиот регион. И натаму гори  во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица кај Плетвар, а синоќа пламените јазици префрлија и преку магистралниот пат Прилеп Градско.

Од вчера активен е и пожарот кај селата Дрен и  Смолани,каде гори сува трева, смрека и дабова шума, и се заканува на борвата шума во близина. Градоначалникот на Прилеп побара и воздушна поддршка за гаснење на пожарите на Бабуна.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој се фалел дека ќе земе паричка, а кој барал половина од 30.000 евра – телефонски разговори на обвинетите се слушаа на судењето за ИПАРД

Дејан Дејан

Наместо договор, партиите и денеска со исти обвинувања за Изборниот законик – крајниот рок за носење на законот е 15 јули

Sasko Dimovski

Уапсени двајца членови на Беланоца во Драч – едниот се бараше за убиство на офицер на АРМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе