Борбата против пожарите во најтешко погодените региони во Делчевско-Пехчевско-Беровскиот регион не запира и се менува, како што кажува нашата репортерка Тамара Грнчароска, од минута во минута.
Главен непријател на пожарникарите од повеќе општини, од Австрија и Бугарија, на бројните локални жители кои се борат против огнената стихија е силниот ветер кој дува со 60 км на час и многу често ја менува насоката со што го менува и фокусот на екипите.
Будинарци, Мачево, Робово, Стар Истевник, можеби се имиња на села во регионот кои пошироката јавност досега не ги знаеше, но херојската борба на мештаните и пожарникарите за нивен спас ги направи клучни локации на фронтот против огнената стихија.
