Пожарите во делчевско се уште беснеат, но околните села во моментот не се во ризик. Ветрот го смени правецот, па одново се разгорува пожарот од селата Робово, преку Мачево до Будинарци.
Се` уште е критично и на планината Бабуна. Огнот се шири, горат сува треба и дабова шума, Градоначаниот на Прилеп моли за хелокоптерска помош во гаснењето на огнот.
Спопје помина мирна ноќ. Под контрола се сите 22 пожари кои синоќа беснееле на територијата на главниот град, но работата на пожарникарите ја отежнувале лажните пријави. Од 29 повици, седум биле лажни. Комантирот на скопската противпожарна единица е уверен дена голем дел од пожарите во скопско се подметнати.
