Македонија

МВР: Евакуирани двајца неподвижни луѓе поради пожар во Прилепско

Две неподвижни лица на возраст од 80 и 88 години од прилепското село Ракле попладнево, поради опасност од пожар во тоа подрачје,  биле евакуирани од полицијата и безбедно префрлени во Прилеп, во домот на нивниот син.

Како што соопшти МВР,  луѓето биле евакуирани откако околу 14 часот била добиена пријава во ОВР Прилеп дека во село Ракле има двајца стари неподвижни луѓе кои се во опасност поради настанат пожар.

-Полициски службеници од ОВР Прилеп се упатиле на местото. За кратко време лицата биле евакуирани и безбедно префрлени во Прилеп, во домот на нивниот син, информира Министерството за внатрешни работи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој се фалел дека ќе земе паричка, а кој барал половина од 30.000 евра – телефонски разговори на обвинетите се слушаа на судењето за ИПАРД

Дејан Дејан

Наместо договор, партиите и денеска со исти обвинувања за Изборниот законик – крајниот рок за носење на законот е 15 јули

Sasko Dimovski

Уапсени двајца членови на Беланоца во Драч – едниот се бараше за убиство на офицер на АРМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе