Алармот за опасност во Делчево е вклучен. Се евакуираат жители на две села, кои се загрозени од огнената стихија која носена од силниот ветер опасно се шири.
Гори боровата шума а ветерот постојано го менува правецот и ја носи опасноста од огнот.
Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, изјави дека пожарот досега изгорел над 1000 хектари борова и дабова шум. Тој потврди дека веќе има изгорено викендици и куќи. Најкритично е во близина на селата Нов и Стар Истевник.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
