Екипата на Телма во вестите во 18.30 се јави директно од близината на Пехчево каде попладнево опасно се шири пожарот во боровата шума.

Заради високите температури не пристигна ниту хеликоптерската помош за справување со пожарот, кој во моментов, според мештаните може да се изгасне само од воздух.

Камбаните на селото Робово ги предупредуваат жителите на опасноста од пожарот, која со доаѓањето на ноќта само се зголемува.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
