Со аплауз, 95 гласа за и само еден воздржан, Собранието ја изгласа Резолуцијата за македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции. Резолуцијата е предложена од ВМРО ДПМНЕ. Без гласовите на овие пратеници, усвоен е амандман за употреба на уставното име на државата Република Северна Македонија.
Партиите на албанците изразија јасна поддршка за македонскиот јазик и идентитет, но Алијанса-Алтернатива побара промена на Уставот и именување на албанците со нивното вистинско етничко име, а не со изразот „20 отсто“.
