Бразил се соочи со редок климатски феномен. Темепратурите паднаа околу нулата, и 30-тина градови на крајниот југ од земјата се соочија со силни врнежи од снег.
Метеоролозите предвидуваат температури до минус 10 Целзиусови степени, а рекордно ниски температури се очекуваат во југоисточните градови утре и во сабота. Во Рио де Жанеиро нема снег, но силниот ветер го разбранува океанот и предизвика бранови високи над 4 метри.
Ниските температури го погодија појасот за кафе во Бразил, а комбинацијата од студ и суша се најлошата комбинација за посевите, се жалат земјоделците. Велат дека сите посеви останале недозреани. Загубата е речиси стопроцентна.
