Наместо покачување како што бараа компаниите за дистрибуција на топлоинска енергија, Регулаторна одлучи да ги намали цените на услугите па граѓаните ќе добиваат во просек за четири отсто пониски сметки за парно. Најголемо намалување има кај БЕГ, кој покрива 93 отсто од корисниците во Скопје или 56 илади домаќинства, каде смените за август ќе биудат пониски за 4,35 отсто. ЕСМ Енергетика кои бараа покачување од 65 отсто на сметките на нивните 3.800 корисници, ќе ја намалат цената половина отсто а Скопје Север за 1,25 отсто.
Претседателот на Регулаторна, Бисломовски, соопшти дека намалувањето се должи на зголеменото производство на “ТЕ ТО” и ниската цена на гасот, и додаде дека доколку таа се покачи нема да има ценовен шок за граѓаните
Кога станува збор за операторот ЕСМ Енергетика, од Регулаторна објаснија дека техничкиот пропуст во нивната документација било што ја прикажале цената на гасот со вклучен ДДВ.
Од овој оператор се бара да постави мерачи и да им наплаќа на корисниците согласно потрошеното а не по метар квадратен.
Oпeраторот Скопје Север кој има само 501 корисник ќе мора да најде начин да привлече повеќе потрошувачи бидејќи капацитетот на топланата во мометот е искористен само 17 отсто, а многу згради во населбите Топанско поле и Скопје Север имаат поставено грејни тела и може да се приклучат на мрежата.
Одлуката за намалување на цените е конечна.
Од Регулаторна најавија дека ќе продолжат да инсистираат во законот за градење да биде задолжително инвеститорот да го приклучи корисникот на топлинската мрежа.
Oгнен Чанчаревиќ
