Македонија

Слепите и лицата со оштетен вид добија апликација со која пишаниот текст ќе го слушаат во аудиоформа

Слепите лица и лицата со оштетен вид во земјава првпат добија апликација со која ќе им се овозможи пишаниот текст да го чујат во гласовна форма. Апликацијата „Кико“ ќе биде бесплатна, достапна во мобилна и декстоп-верзија, сега на македонски јазик, а за неколку месеци и на албански јазик. Покрај слепите и лицата со оштетен вид, апликацијата ќе можат да ја користат и лица со тешкотии во учењето, односно оние кои информациите најлесно ги разбираат кога се во говорна форма.

Слепите лица и лицата со оштетен вид првпат ќе добијат функционална современа и соодветна алатка која ќе им овозможи поголема независност во сите сфери на општествениот живот. Апликацијата аудиочитач ќе биде достапна во мобилна и десктоп-верзија. Ќе биде лесно разбирлива, а текстот ќе се изразува со природен глас. Оваа апликација е голем исчекор напред затоа што во моментов тие слушаа роботски глас, кој е несоодветен и нецелосно разбирлив, рече на денешната презентација на апикацијата министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН, Нарине Сахакјан на презентацијата истакна дека од суштинска важност за лицата со попреченост е пристапот до образование, вработување, но и пристап до информации и комуникации.

Апликацијата „Кико“ е важен момент во повеќегодишната посветеност на УНДП во поддршка на националните чинители да ги исполнат своите заложби за спроведување на меѓународната конвеција која нагласува дека сите лица со било каков вид на попреченост мора да ги уживаат сите човекови права и слободи, но, има за цел, исто така, и да го заштити нивното достоинство, рече таа изразувајќи надеж дека оваа апликација може да биде основа за натамошно развивање слични дигитални производи кои малку ќе им го олеснат секојдневниот живот на лицата со попреченост, рече Сахакјан.

За слепите лица и лицата со оштетен вид ова е голем чекор напред во нивното осамостојување и остранување на пречките со кои досега се соочувале.

Со говорната синтеза, како што рече претседателот на Сојузот на здруженија на слепи лица Жарко Селковски, многу се подобрува и се олеснува секојдневниот живот на слепите лица во домот, при движењето, при учењето, за вработување, да може да си ги завршуваат сите работни обврски и без никакви проблеми да можат да остваруваат свои приходи.

Со ова дигитално помагало, додаде, ќе бидат посамостојни во работа и со телефонот и со компјутерот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пензионери од Скопје тврдат дека претседателката на Сојузот на пензионери Станка Трајкова е нелегитимно избрана

Tea Dimkovska

Се урна дваесет метарски ѕид во Дебар Маало при ископување на темели за зграда – соседи стравуваат додека инвеститорот смирува

Tea Dimkovska

Гостиварскиот парк во кој животот го загуби 14-годишното девојче затворен – истрагата се уште трае

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе