Македонија Најважни

Радев: Блокадата не е од нас, но Скопје може да ја крене

Бугарскиот претседател Румен Радев тврди дека блокадата на евроинтегративниот процес за Македонија не е од Софија. На прашањето од нашата репортерка дали новата влада во Софија ќе ја промени политиката кон Македонија, бугарскиот претседател порача дека тоа не зависи ниту од владата, ниту од парламентот, туку од исполнувањето на Копенхашките критериуми.

„Политиката на Бугарија кон Република Северна Македонија не зависи од владата која ќе биде на власт и каков ќе биде парламентот. Зависи од тоа дали ќе имаме искрен и конструктивен дијалог меѓу Скопје и Софија, и тој дијалог да се води во една од двете престолнини, а не во Брисел, Париз, Берлин итн. Ние овде меѓу нас треба да се договориме. И треба да биде јасно дека зависи и од исполнувањето на Копенхашките критериуми за членство, од страна на Република Северна Македонија“, рече Радев.

Понатаму образложи што очекува Софија за возврат на зеленото светло.

„Ние очекуваме нашите пријатели од РСМ, нашите браќа, а најмногу раководството на државата самите да ја кренат блокадата. Таа блокада не е од нас. Ние очекуваме вистински, неповратни и одржливи резултати во нашите односи. Вие да ги исполните копенхашките критериуми за членство, да се променат учебниците. Ние тоа го очекуваме веќе 4 години, уште од кога го потпишавме договорот во 2017 година. Очекуваме да се променат учебниците, спомениците со нивните натписи, музеите, јавните медиуми, за еднаш засекогаш да го искорениме јазикот на омразата“, рече Радев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерството за култура и туризам го укина конкурсот за кофинансирање странски издавачи за објави на преводи од македонски автори

Tea Dimkovska

Партиските надмудрувања го „глават“ донесувањето на новиот Изборен законик

Tea Dimkovska

Уапсен е турски државјанин кој со Мерцедес „летал“ на автопатот „Пријателство“ со 203 км/ч

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе