Македонија

Реките на југоистокот од земјата се почесто се излеваат

Краткотрајни поројни дождови, ерозија на земјиштето и излевање на реките. Ова се последици на климатските промени коишто  се почесто се забележуваат во југоисточниот регион. За спречување на големи штети во земјоделството но и материјални штети на приватниот и општествениот имот, институциите ќе мора да реагираат и да ги ублажат влијанијата на природата, велат од Југоисточниот плански регион.

Како пример е реката Сушица во Радовиш која години наназад предизвикува поплави во регионот. Токму коритото на оваа река се уредуваше со средства од проект за прекугранична соработка со соседна Бугарија.

Излевањата на речните корита не е случај само во Југоистокот. Вакви последици се забележани и во Бугарија, каде исто така се интервенираше во речното корито на реката Бистрица кај градот Сандански.

Проектот за уредување на речните корита во Радовиш и Сандански го финасира Европската Унија со околу 336 илјади евра. Остатокот од 190 илјади евра ги обезбеди Радовиш.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен е турски државјанин кој со Мерцедес „летал“ на автопатот „Пријателство“ со 203 км/ч

Tea Dimkovska

Левица: Инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ – Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик поради страв од изборен пораз

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе