Вести Македонија Најважни

Бриселски мистерии со Талат: Бугарски провокации за албанскиот на Џафери со проштевање од Заев и „тврда“ опозициска интерпелација

За албанскиот на спикерот Џафери во Брисел виновни провокации од поединци од Бугарија, тврди Заев кој нема да бара одговорност за кршењето на Уставот, но опозицијата не се откажува од интерпелацијата. Заев тврди дека и ДУИ ја прифаќа резолуцијата за преговорите со Бугарија, која ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ

Го испровоцирале поединци од источниот сосед па на третата сесија во Брисел, ссобарнискиот спикер проговорил на албански и го прекршил Уставот, вака премиерот Заев од идниот пазар во Виница ја толкува постапката на Талат Џафери на комитетот во Брисел.

Премиерот нема да бара одговорност од претседателот на парламентот иако морал да го брани Уставот.

– Талат Џафери спротивно на Уставот се обрати во Парламентот на ЕУ и точно е да се каже дека имаше три сесии, на двете сесии зборуваше на македонски јазик, на третата зборуваше на албански јазик. На третата зборуваше на албански јазик, испровоциран точно од некои поединци од соседна Бугарија коишто секако укажале дека ќе направат воедначување на нашите јазици кое што секако никако не е точно. Ние имаме слични, но различни и меѓународно признаени јазици. Нема да побарам одговорност затао што очекувам токму од претседателот на Собранието да го објасни тоа што таму се случило, затоа што тој е еден од главните чувари на Уставот на Република Северна Македонија, рече претседателот на владата Зоран Заев.

Спикерот Талат Џафери не одговори на нашите повици и СМС пораки да понуди детално објаснување за провокациите во европската престолнина.

Но, за неговото кршење на Уставот во Брисел одговорност гледаат во македонската опозиција и очекуваат точката за интерпелација за собранискиот претседател заедно со резолуцијата што поскоро да се најдат на дневниот ред.

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со премиерот Зоран Заев дека Џафери треба да објасни зошто го прекршил Уставот говорејќи во европскиот парламент на албански јазик и бараат тој да даде оставка.

– Не смее и најголемите пропусти и кршења на Уставот и законите да поминат со објаснување.Време е за одговорност, соопштија од партијата на Мицкоски.

-Резолуцијата е поднесена во Собранието и очекуваме да се најде на првата закажана седница. Очекуваме службите да го известат Џафери и да се најде на дневен ред, како што исто тоа го очекуваме и за поднесената интерпелација. Како што е односот кон сите останати пратеници, очекуваме ист однос и за Џафери и интерпелацијата да се најде на следната седница која ќе биде закажана во Собранието, одговори Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на прашањето на Телма.

Заев пак тврди дека и ДУИ ја прифаќаат резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ но на неа мора да се интервенира. Првин треба да се исправат поимите во резолуцијата кои ги нема во Уставот, објаснува Заев, а потоа на дневен ред резолуцијата че ја стави Талат Џафери за кого премиерот тврди дека го прекршил Уставот на меѓународна сцена.

-ДУИ ја прифати резолуцијата. За тоа разговаравме, со тоа што секако треба да се смени уставното име и би требало да се утврдат одредени, како да ги кажам, формалности во самата резолуција за да може да биде заемно прифатена од сите. И уште еднаш да му покажеме на Мицкоски дека и тој којшто го има проблемот со македонскиот јазик и македонскиот идентитет, еве и преку заедничка резолуција, ние тоа ќе го потврдиме затоа што е неспорно за сите дома, рече Заев.

Со предложената резолуција преговорите со Бугарија треба да се одвиваат на рамноправна основа со почитување на меѓународното право и посебноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен е турски државјанин кој со Мерцедес „летал“ на автопатот „Пријателство“ со 203 км/ч

Tea Dimkovska

31 година од геноцидот во Сребреница: „Тишината зборува најгласно“

Tea Dimkovska

Левица: Инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ – Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе