Краткотрајни поројни дождови, ерозија на земјиштето и излевање на реките. Ова се последици на климатските промени коишто се почесто се забележуваат во југоисточниот регион. За спречување на големи штети во земјоделството но и материјални штети на приватниот и општествениот имот, институциите ќе мора да реагираат и да ги ублажат влијанијата на природата, велат од Југоисточниот плански регион.
Како пример е реката Сушица во Радовиш која години наназад предизвикува поплави во регионот. Токму коритото на оваа река се уредуваше со средства од проект за прекугранична соработка со соседна Бугарија.
Излевањата на речните корита не е случај само во Југоистокот. Вакви последици се забележани и во Бугарија, каде исто така се интервенираше во речното корито на реката Бистрица кај градот Сандански.
Проектот за уредување на речните корита во Радовиш и Сандански го финасира Европската Унија со околу 336 илјади евра. Остатокот од 190 илјади евра ги обезбеди Радовиш.
Сузана Мицева
