Вести Македонија

Македонија нема инспекција со капацитет поради што го одложи увозот на РДФ отпадот за горење, извести министерот Нуредини

Иако министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини смета дека РДФ отпадот е единствено дозволен за увоз за користење како алтернативно гориво и  е неопасен нерециклирачки комунален отпад, сепак поради реакциите во јавноста како и недовербата во капацитетите на инспекциските служби одлучи да ја повлече оваа законска измена од Собранието.

Министерот Нуредини потсетува дека дека сега повлечената одредба за дозвола на увоз на РДФ отпад како алтернативно гориво е „комплетно хармонизирана со ЕУ законодавството и Базелската конвенција, по кои всушност и ние самите, на пример, ги извезовме количините на винил-хлорид во Охис, или ќе го извезуваме линданот кој ќе започне да се чисти од следната недела.“

-Јас ја разбирам загриженоста на граѓаните за недоволната конктрола и немањето на капацитет за редовна и темелна инспекција. Затоа деновиве разговарав и имав средби со пратениците на Собранието, по што дојдовме до заклучок дека на комисиската расправа ќе го адресираме ова барање и заедно со пратениците ќе направиме измена за забрана на увозот на РДФ, бидејќи постои сомнеж дека не сме подготвени за соодветна имплементација на предвидената регулација, напиша Нуредини на својот фејсбук профил.

Увозот на РДФ отпад за горење беше забранет лани во февруари, откако јавноста беше згрозена и реагираше поради несоодветна контрола на увезуваното РДФ гориво кое се произведуваша во странство.

За РДФ отпадот има пропишано стандарди, а тој емитува значително помалку емисии на СО2 и има поеколошки животен циклус од користењето на девствени ресурси, односно најчестиот мазут или петролкокс за што е замена. Затоа, во согласност со регулативата на ЕУ и принципите на циркуларна економија беше предвидена можност и за негов увоз, пред ние самите да почнеме да го создаваме од нашиот отпад, тврди Нуредини кој ги цитира светските искуства според кои отпадот направен од пластика, текстил и други материјали е еколошки почист односно помалку ја загадува животната средина доколку се применува според пропишаните протоколи.

Но еколозите во државата сметаа дека надлежните институции ниту се доволно способни ниту пак учествуваат во соодветна контрола на она што како РДФ отпад се увезуваше.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен е турски државјанин кој со Мерцедес „летал“ на автопатот „Пријателство“ со 203 км/ч

Tea Dimkovska

31 година од геноцидот во Сребреница: „Тишината зборува најгласно“

Tea Dimkovska

Левица: Инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ – Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе