Расте трендот на дојави од деца на SOS телефонската линија на „Меѓаши“ , во првите 6 месеци од оваа, во однос на минатата и предминатата година. Од 151 дојава годинава, упатени од 223 деца, најмногу поплаки имало поради нерасчистени брачни односи во кои колатерална штета се најмладите и тоа им се одразува врз менталното здравје .
Петта година по ред со висок процент од 32% или 98 деца талкаат во нерасчистени меѓубрачни односи , нефункционални родителски одговорности, непостапување по основ на Центарот за социјална работа и ЦСР со многу високи ингеренции не може да го оствари правото на видување на детето со вториот родител, изјави Драги Змијанац- претседател на Прва детска амбасада Меѓаши
Децата се отуѓуваат од родителите, а за време на пандемијата главниот старател ја злоупотребувал можноста да го спречи детото да го види другиот родител. Детстаката амбасада за прв пат регистрирала 8 деца (или 2% од дојавите) , кои доброволно или не, биле грабнати од еден од родителите. Тоа е индикатор дека системот е нефункционален и покрај законската можност родителите да се договорат.
Центарот за социјална работа треба да биде клучен фактор во тоа да му овозможи на детето подеднакво и според препораките на Комитетот за правата на детето , да остварува подеднакво право на видување со двата родители.
Потребно е доекипирање на ЦСР, но и зголемување на бројот на обуки за вработените, смета оператерката на SOS телефонот , Јулијана Велковска.
Втор проблем или 27% од дојавите биле за насилство врз децата, на трето место или 19% од јавувањата сеза непристапност на децата до образование и здравствената заштита, а на четврто место со 10% се пријавите за проблеми со менталното здравје, како последица на брачните односи.
Сотир Трајков
