Во една од овие болнички соби на инфективното одделение во велес лежи 43 годишниот пациент кај кој е лоциран делта сој на ковид 19. Случајно го затекнавме на тераса, но не сакаше да говори пред камера. Ни раскажа дека неодамна се вратил од Англија каде работи. Се пожали дека условите се лоши и дека во петок очекува негативен тест за да излезе од болница. Не верува ниту дека има корона, бидејќи симптоми нема, а не е ни вакциниран.
Отидов на преглед само поради тоа што имав проблеми со синуси. Гледате и сами дека ништо не ми е и едвај чекам да излезам од тука. По доаѓањето контактирав само со сопругата и таа е добро, нема никакви симптоми.
Според информациите од епидемиолзите во анкетниот прашалник е наведена само сопругата. Пациентот слетал во земјава на 21 јуни кога се вратил во велешкото село каде живее, а на 28-ми бил хоспитализиран.
Во моментов активени се само два случаи со ковид од кој еден е со делта сој. Спасот докторите го гледаат во вакцинацијата. Интересно е тоа што овие два дена интерсот за имунизација во градот е пораснат.
Градоначалникот на Велес Аце Коцевски смета дека не е потребен карантин за градот само поради тоа што има еден случај со делта сојот кој полесно се шири.
Во велешкиот вакцинален пункт до сега се пуштени 11 000 дози на вакцини, не вклучувајки ги оние кои претходно беа вакцинирани во кавадарци, скопје или странство. Со прележаните близу 5500 претпоставките се дека речиси половина од граганите примиле барем една доза на вакцина или ја поминале болеста.
Билјана Николовска
