ВМРО ДПМНЕ е изненадено од изјавата на Министерот за надворешни работи Бујар Османи дека за резолуцијата треба да се преговара од почеток а не таа да биде наметната од една партија заради политички амбиции.
Содржината произлегува од ставови дадени од научни институции. Нема за што да се преговара.Може да се разговара за некои детали но дали тука во Собранието може да подготвиме нешто што е подготвено во МАНУ и УКИМ, вели Тимчо Муцунски.
За разлика од Османи, Вицепремиерот Артан Груби уверува дека ДУИ ќе ја поддржи резолуцијата.
Резолуцијата ќе биде доставена во Собранието најдоцна до петок.
Поддршка доби од владејачката СДСМ и од помалите политички партии. Партиите на Албанците се изјаснија воздржано за нејзиниот текст.
Јулијана Пешевска
