Два дена по трансплантацијата на срце починал последниот пациент кај кој беше изведена ваква информација.
Негови блиски за Телевизија Телма тврдат дека операцијата била успешна, но по тоа се создала инфекција од бактерија.
Поради тоа што се работи за премногу кусо време по смртта на човекот, тие не сакаат јавно да говорат.
Но, ваквата информација во емисијата Утрински брифинг на Слободен печат ја потврди и Министерот за здравство Венко Филипче.
“Имаше една тешка општа состојба, иако во еден момент од лекувањето имаше и флуктуација и подобрување но и влошување, но за жал последното влошување не го преживеа. Лекарите дадоа се од себе. Не е точно и не е коректно дека се кажува дека се потфрлува во некој дел. Инфекциите во интензивните неги од тие специфични бактерии има насекаде во светот и тоа е така и кај нас. Имаме механизми кои ги користиме за тие пациенти да се излекуваат. И други пациенти со трансплантација имале таква форма на инфекција па се излекувале, не значи дека ако има инфекција дека дефинитивно нема пациентот да се спаси. Тоа е еден процес кој го има во интензивни лекувања на пациенти кои престојуваат заради друга болест” – рече Венко Филипче Министер за здравство.
Во земјава до сега се извршени четири трансплантации на срце од починат донор. Четвртата заврши трагично за пациентот кај кој беше пресаден органот.
