Македонија Топ вести

Треба да се формира установа која ќе раководи со националниот парк Шар Планина

По 63 години земјава доби уште еден национален парк. Со прогласувањето на дел од Шар Планина за заштитено подрачје, истото се стекна со статус на природно наследство. Законското решение треба да обезбеди заштита на природните вредности, како и добра од јавен интерес.

Според Фросина Пандурска – Драмиќанин од Македонско еколошко друштво ова е историски момент, но допрва следува период во кој треба да се формира установа која ќе раководи со паркот.

Спроведените анкети на терен покажаа дека граѓаните сакаат ова подрачје да биде заштитено, но тие треба да бидат вклучени и во понатамошниот процес, порачува претседателот на платформата „Пријателите на Шара“, Метин Муареми.

Во националниот парк ќе бидат вклучени 30 села, со нешто повеќе од 26.000 жители, при што се очекуваат голем број придобивки, не само кон зачувување на природата, туку и социо-економски. Освен рурален туризам, Шар Планина нуди одлични услови за развој на повеќе форми на туризмот, за кој дури и не е потребна инфраструктура која би ја нарушила природната убавина, вели Бошко Видоески, долгогодишен планинар.

Со усвоеното законско решение се очекува да се стави крај и на нелегалните активности на Шара, но ќе биде потребно време, вели Пандурска Драмиќанин.

Со новиот четврти национален парк, вкупната површина на заштитени подрачја на национално ниво ќе изнесува 13,2 отсто.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе