Македонија Топ вести

Секој граѓанин во земјава е потенцијален органодарител, но последниот збор го имаат семејствата

Здружението за механичка поддршка на срце „Храбро срце“  засега само преку кампањи можат да ги информираат граѓаните за органодарителството, а за законските измени во актуелниот Закон за трансплатација потребна им е помош. Бараат начин како системот да е информиран и секој сам да одлучи  дали органите ќе му бидат донирани по смртта. Секој граѓанин во земјава е потенцијален органодарител, но последниот збор го имаат семејствата.

Штипјанецот Боре Минов член на здружението вели дека секој човек е свесен за шокот и тагата на семејствата, кога губат член, а во тие моменти некој треба да ги праша и да донесат голема одлука.

Листите за трансплатација на органи се тајни, но според информации на здружението околу дваесеттина пациенти чекаат трансплатација на срце, а стотина на бубрег.  Според Минов и членовите на здружението важно е Македонија да влезе во евротрансплант зоната. Потребно е да се исполнат одредени услови. На Балканот на оваа тема најнапредна и меѓу првите во Европа  е Хрватска.

Во услови на пандемија, лани  во земјава е направена  првата трансплатација на срце.Досега се изведени пет трансплатации од починат донор, трансплатирани се четири срца и 12 бубрези, а направена е и првата трансплатација на коски и коскени ткива. Подолг период земјава има и национален координатор, а во тимот се македонски стручњаци кои сите трансплатации ги изведоа успешно и со поклон до земја за донорот.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе