Актуелниот градоначалник на Каварадци Митко Јанчев пак за Телма вели дека очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, до колку не ја добие ќе се кандидира како независен.
„Врз основа на тоа дека сите месни комитети го делегираа моето име за кандидат за градоначалник очекувам тоа да биде потврдено и во Скопје, односно да бидам предложен за кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, доколку не се случи тоа, ќе настапам како независен кандидат” – вели Јанчев за Телма.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак засега не ги коментираат најавите на Јанчев, со кого раководството има заладени односи, поради тоа што токму Јанчев беше еден од најжестоките критичари на актуелното раководство на партијата и бараше смена на Мицкоски.
