Македонија Топ вести

Пелагонија, Демир Хисар и Кичево зафатени од силно невреме

Регионите на Пелагонија, Демир Хисар и Кичево, вчера после 17 часот беа зафатени од силно невреме, проследено со ветар, дожд и наместа појава на град. Земјоделците од неколку Пелагониски села велат дека најпогодени се земјоделските посеви со бостан и тутун. Невремето кое траеше десетина минути поплави и улици во некои делови од Битола. Од Центарот за управување со кризи велат дека досега во општините не се пристигнати пријави за штети од вчерашното неврме.

Од УХМР информираат  дека во текот на вчерашниот ден   во овие региони   авионски се дејствуваше   со 99 ракети, но поради екстремно високите параметри на градоносните облаци, било невозможно да се спречи појавата на град, туку само да се намали интензитетот.

Во јуни годинава се употребени над 1200 ракети, за разлика од лани кога преку цела години било дејствувано со  1080 ракети за уништување на градоносните облаци

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ССМ: Зголемувањето на старосната граница за пензионирање нe е е решение за покривање на дефицитот на Пензискиот фонд

Дејан Дејан

Крадци ноќеска испразниле банкомат во трговски центар во Скопје

Kristina Kuzmanovski

Судење „ИПАРД“: Преслушување телефонски разговори меѓу обвинетите 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе