Српските власти ги уапсија лажниот хирург Сава Кнежевиќ и неговата мајка Данијела кои во нерегистрирана ординација во центарот на Белград во период од пет години вршеле естетски зафати.
Една од нивните клиенти била Катарина Лиовиќ од Загреб, која за ТВ Прва тврди дека наместо хијалуронска киселина и била ставена супстанца со сомнително потекло.
„Неговата мајка ми зеде анамнеза, ме праша дали имам некоја автоимуна болест, тогаш не знаев дека тој всушност ги украл сите фотографии што ги користеше на Инстаграм од лекар од Азербејџан“, објаснува Лиовиќ.
Катарина додава дека не можела да зборува по интервенцијата и дека нашла хирург кој се согласил да ги исправи грешките по непрофесионални интервенции.
Инаку 23-годишниот Сава Кнежевиќ по професија е масер, а заедно со неговата мајка Данијела, која е цвеќарка, работеле во нерегистрирана канцеларија.
