Македонија Топ вести

Од една страна повици за бојкот, од друга за масовно попишување

Од една страна повици за бојкот, од друга за масовно попишување. На пописот, уште непочнат, му се оспорува легитимноста.

Националниот блок „Не отворам врата“ ги повикува граѓаните да не ги пуштаат попишувачите дома.

Убедени се дека пописот ќе биде фалсификуван, дека е веќе договорен меѓу Заев и Ахмети, за да се утврдат проценти, а не реално да се попише населението.

Вицепремиерот, Артан Груби, пак, на фејсбук ги повика иселениците Албанци да се мобилизираат и да се самопопишат во што поголем број.

Артан Груби, вицепремиер на фб

За бојкот на пописот, законот предвидува прекршочни казни, но првиот човек на Државниот завод за статистика вели дека казните не се најголемиот проблем.

Во меѓувреме и опозицијата собира потписи за измени на Законот за попис. Тврдат дека веќе собрале над 80 илјади, а планираат да собираат и во следните две-три недели, по што ќе поднесат иницијатива до Собранието и ќе се обидат да го блокираат процесот.

Но, до тогаш, пописот во дијаспората, кој почнува утре, ќе биде речиси завршен.

Во вторник владата треба да донесе и посебни протоколи за заштита поради пандемијата, веќе се работи на изборот на тимовите попишувачи, завршува конкурсот, следува обуката, а од утре почнува и пописот во дијаспората. Апликацијата за попишување на иселениците ќе биде достапна на веб страницата на Државниот завод за статистика, и тоа на осум јазици.

Рокот истекува на 31 март на полноќ. Истовремено почнува и попишувањето на припадниците на Армијата дома и  во странство, на лицата кои се во дипломатско конзуларните претставништва, во Обединетите нации, во претставништвата на Стопанските комори во странство, како и затворениците, лицата во воспитно – поправните домови и бездомниците во земјава.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

За Иран Ормутскиот теснец е затворен додека за САД е отворен – контрадикторни ставови за состојбата на поморскиот премин

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе