Вести Македонија

Нови згради високи 33 метри ќе се градат во Ѓорче Петров

Додека Иницијативата против урбано дивеење бараше средба со Министерот за транспорт Бочварски за да го спречи донесувањето на спорниот Детален урбанистички план во Ѓорче Петров, Планот  помина на Седница на Советот на Општината. Граѓаните тврдат дека во близина на паркот во населбата ќе никнат 17 нови згради високи 33 метри. Го обвинија градоначалникот Наумоски дека има лични врски со урбаната мафија.

„Во Советот на Општината денес е поминат ДУП СЗ 15 во непосредна близина до паркот во Ѓорче Петров во кој се предвидени 17 нови згради со висина до 33 метри и околу 24 илјади м2 градежна површина кои треба да се изградат во дел помал од пет илјади м2.Со овој ДУП се легализира и се отвора патот на онаа спорна зграда која треба да никне во самиот парк. Ова е еден од тие 25 ДУП-ови кои Општината замислила да ги помине за наредните осум месеци. Урбаната мафија е до таа мера навлезена со влијанието во општината и функционираат како една единка.“ – рече Костов.

Од Општина Ѓорче Петров велат 14 нови згради се предвидени со планот. Тврдат дека новиот е ист со стариот ДУП од 2014 година, но разработен.

Домувањето влегува со вкупна квадратиура од 88.300 метри квадратни но во таа површина влегуваат и сите веќе постојни објекти. Всушност од 20 нови градби со намена домување шест се веќе реализирани со вкупна квадратура од 30.300 метри квадратни. Произлегува дека идна површина за градба изнесува 58.000 метри квадратни. Суштината е што оваа квадратиура е истата квадратура од постојниот ДУП кој што е сеуште во актива.

Се знае дека во новопланираната површина за градење влегуваат 16 градежни парцели. Предвидено е таму да живеат максимум 1.359 жители, од кои максимум 892треба да бидат нови. Тврдат предвидено е да се зголеми зеленилото  за 15 проценти.

Најголемата вистина е дека немаме зголемување на постојната квадратура на основ на план туку имаме смалување, односно имаме само прераспределување на целосниот фонд, не зборувам само за станбен туку, на целосниот фонд од три парцели во осум, односно во таа насока вкупната површина на домување на целиот плански опфат е задржана. Односно од постојниот план од 2014-та е само прераспределен во различни наменски зони., вели Никола Лазаревски, раководител на сектор за урбанизам Општина Ѓорче Петров

Тврдат предвидено е да се зголеми зеленилото во тој дел за 15 проценти.

Од Иницијативата против урбано дивеење во сабота на пладне ќе го блокираат  сообраќајот кај кружниот тек пред црквата Св. Петар и Павле. Спас гледаат во минстерот Бочварски, од кого бараат да не ги одобрува ДУП-овите кои доаѓаат од Општина Ѓорче Петров.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе