Македонија Топ вести

Пендаровски: Немам добиено никакво барање од бугарска страна за промена на Уставот

Јас како претседател до овој момент немам добиено ништо, ниту на писмено, ниту вербална информација дека на средбата во Софија на Османи му е пренесен некаков сет на барања, како што информираа дел од медиумите, рече претседателот на државата Стево Пендаровски во вечерашното гостување на Топ Тема на Телма.

До овој момент ниту на вербално ниво никој нема побарано од бугарска страна промена на Уставот. Во однос на интерпретацијата на билатералниот договор, не е првпат од софиска страна некој да побара политичка декларација или изјава со која ќе дообјасниме некои работи во Договорот од 2017. Има изјава на претседателот Радев со кој бара анекс на тој договор дека наводно не се почитува, или практично нов договор, вели Пендаровски.

Тој вели дека како што при првата препорака од ЕК, Бугарија на додала некои нејзини видувања, истото се случи и сега. Пендаровски тврди дека во изминатите три месеци со Софија интензивно се работи на надминување на недоразбирањата, додавајќи дека во тие билатерални напори се користат „и добрите услуги на Германија како претседавач на ЕУ“, која има стартешки интерес за евроинтеграцијата на регионот.

За преговарачката рамка , вели Пендаровски, во тек се внатрешни разговори во ЕУ за усогласување на нејзината содржина и иако ние не сме дел од тој процес, сепак, индиректно и билатерално се обидуваме да ги појасниме нашите ставови за спорните забелешки на Бугарија, приложени во појаснувачкиот меморандум. Оспорувањето на етногенезата на македонскиот народ и тврдењето дека македонскиот јазик е дијалектна форма на бугарскиот јазик за Пендаровски е надвор од памет.

Македонската нација е формирана на идентичен начин како сите други современи нации во 18, 19 или почетокот на 20 век. Нема нации кои се природно создадени. нема нации кои се вештачки создадени. тоа е процес кој се одвива насекаде на идентичен начин со познати маркери долж тој процес. Единствено станува збор кога сте го почнале и кога сте го завршиле. Ние тој процес го завршивме. го завршивме, не го почнавме кога станавме држава, и подоцна тој суверенитет го пренесовме во федерална Југославија, тврди претседателот.

Тој ја повтори неговата изјава во која вели и цврст државен став дека ако не влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик не ни треба таквата ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе