Ковид19 Македонија Топ вести

Повеќе од 50 основци во изолација, во градинките бројот надмина 150

Повеќе од 50 основци се во изолација откако корона вирусот за само еден недела од стартот на школската година  влезе и во училиштата. Утрово, уште едно прваче од Скопје е позитивно на корона вирусот. Основец од училиштето Лазо Трпковски добил позитивен резултат, откако се тестирал бидејќи неговата мајка е заразена со Ковид-19. Од општината за Телма велат наставничката која му предава и целото одделение е во изолација. Во основното Гоце Делчев во Центар пак, каде што 39 основци од прво и второ одделение добија решение за самоизолација, според епидемиолошките анкети нема други ученици и вработени кои треба да се изолираат.  Поради зголемениот број на болни во училиштата од МОН велат дека продолжувањето на наставата со физичко присуство зависи од тоа колку одговорно ќе се однесуваат сите.

Протоколите за заштита од заразата докажано функционираат,  доколку  сите се придржуваме на пропишаните мерки за заштита. Од целокупното одговорно однесување ќе зависи и продолжувањето на наставата со физичко присуство во училиштата, велат од мон.

Инаку , во градинките во земјава кои се отворени веќе точно еден месец, има 10 деца позитивни на вирусот и 21 вработен. Според податоците на МТСП повеќе од 150 се во изолација.

Инаку училишната година почна на 1 октомври , а за сега нема никакви најави дека есенскиот бран може повторно да им стави клуч на врата и сите ученици повторно да учат само онлајн.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Украински полковници учествувале во руски заговор за атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Правда сè уште чека официјално известување за уапсената кондовска група на Красниќи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе