Македонија Топ вести

Бегство во ќелија на Нефи Усеини

И бегството на Нефи Усеини заврши со само-предавање, директно во затвор.

На охридскиот советник минатиот четврток му беше определен 8-дневен притвор поради инцидентот и нападот врз Спирко Топаловски, кога бил користен и пиштол со кој жртвата била тепана по глава.

По шест дена бегство и криење, Усеини заедно со својот брат кој исто така е осомничен за инцидентот, заедно околу пладне дошле пред затворот во Охрид и сами се пријавиле да го отслужат притворот. Во затворот ги примиле затоа што затворските служби веќе биле известени од судот за определениот притвор.

Од пладне, Усеини и брат му се наоѓаат во притворското одделение во охридскиот затвор во засебни ќелии бидејќи се учесници во исто кривично дело. Браќата се оосмничени дека го нападнале Топаловски при што едниот извадил и пиштол со кој го удирал повредениот. Досега не се испрашани од обвинителството поради бегството во родниот град.

Обвинителството и полицијата водат истрага за две кривични дела, за насилство, но и за недозволено држење на оружје. Во истрагата покрај изјави на сведоци се обезбедени и снимки од камери на кои според информации од истрагата се гледа и оружје користено во физичкиот напад.

Жртвата кој јавно се појавуваше и се закануваше на напаѓачите, во саботата преку јавна објава од неговиот адвокат ја смени сопствената верзија и го амнестираше напаѓачот.

Топаловски за Усеини кажа дека му е и ќе му биде пријател, дека тој не видел пиштол во недоразбирањето кое е надминато и тврдеше дека инцидентот се користи за оцрнување на советникот Нефи од политички причини.

Оваа изјава беше дадена додека напаѓачите беа во бегство.

Нефи Усеини е советник во општина Охрид од ДУИ, а најмногу се прочу по повеќе дивоградби во центарот на Охрид, но и во околината за што се водеа истраги. Досега тој самиот ја отстрани диво-направената бетонска база на влезот во Охрид, а останатите постапки се во тек.

Усеини цело време се брани дека му се врши политички атак и негативно се влијае на неговиот бизнис.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе