Ковид19 Македонија Топ вести

Бројот на заболени од Ковид-19  се поблсику до 10.000, само денеска 129 нови позитивни

451 починат. Толку човечки животи, но ист број и на семејства кои останале без своите најблиски, ја чинеше досега земјава пандемијата со Ковид-19, од кои шест во послендите 24 часа – пет лица од Скопје и едно од Струга. Регистрирани се и и нови 129 случаи од 1.535 тестирања или 8,4 %. Од новите случи најмногу се од Скопје 45, од Штип 25, Тетово и Гостивар 9, Куманово 7, Битола и Кичево по 6, а нови регистрирани има во уште девет града. Со нив вкупната бројка на позитивни се зголеми на 9.797.

Инаку бројките и на заразени и на починати во земјава рапидно се зголемуваат од месец во месец. Па така ако првиот случај на Ковид-19 беше регистриран на 26 февруари, веќе на 23 март, еден ден откако беше прогласена вонредната состојба во земјава имаше 148 позитивни и двајца починати.

Во април почна секојдневно да стигаат информации за смртни случи од коронавирусот, па така 30 дена по првиот смртен случај на 22 март, земјава веќе броеше 57 починати, а бројката на заболени беше помножена со девет и се искачи на 1.326, од кои 932 беа активни. Строгите рестриктивните мерки кои во меѓувреме беа воведени – полицискиот час, карантинските викенди, затворените училишта, угостителски објекти, молови, во мај го забавија растот на новозаболени, па на 23 мај бројот на активни во земјава се симна на 443, од вкупно 1.978 заболени. Сепак во истиот период бројката на починати продолжи прогресивно да расте, па на истиот датум веќе броеше 113 имиња на лица кои ја загубија битката со вирусот.

И ако бројките во мај се чинеа големи, идните два месеци ќе го демантираат тоа и ќе се впишат како најцрните досега од почетокот на пандемијата.

Како на почетокот од јуни почнаа да се олабавуваат рестриктивните мерки, но и се помалку да се почитуваат мерките за негрупирање и на социјааните мрежи почнаа да се споделуваат фотографии од свадби, крштевки, матури и полуматури, така и бројот на новорегистрирани почна да се зголемува, а со нив и бројот на починати.

На 23 јуни, за само 30 дена, бројката на новозболени во земјава се зголеми за трипати на 5.445, а на активни случи за седум пати и е дури 3.095. Земјата во истиот период почна да брои се поголем број и на починати, па на 23 јуни 259 лица се заведени како жртви на коронавирусот. Денеска сите овие бројки се речиси удвоени – активни случи има 4.092, а починати 451.

За само пет месеци откога вирусот ја помина македонската граница, бројот на заразени е се поблиску до 10.000. Во меѓувреме ако здравствените власти речиси секојдневно одржуваа прес-конференции и даваа изјави за состојбата со коронавирусот и мерките кои се преземаат, изминативе две недели освен дневната статистика за Ковид-19 не се огласија, иако во меѓувреме беше гистриран и најголемиот број на новозаразени во еден ден 241.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Детето кое нападна ученици и наставничка да биде испишано – родители на деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“ со петиција до МТСП

Дејан Дејан

Една година кризна состојба во затворот „Идризово“

Дејан Дејан

Илјадници починати, милиони изложени на радијација – светот одбележува 38 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе