Ковид19 Македонија Најважни

Преполна дискотека во Струмица – сопственикот тврди дека прв пат ситуацијата излегла од контрола

Видеа од забавите во  дискотеката Аватар во Струмица ги преплавија социјалните мрежи. На кусите видео снимки се гледаат стотици присутни лица без маски, еден до друг, а ги забавуваат  македонски пејачи.

Граѓаните се револтирани и реагираат затоа што клубовите се преполни одржуваат среде пандемија, особено вчера кога имаше 241 новозаразени со корона – вирусот.

Сопственикот на клубот Аватар, во телефонски разговор изјави  дека досега се почитувале протоколите, а синоќа ситуацијата излегла од контрола.

Тој смета дека ова е хајка против клубот, бидејќи, како што рече, ниту една кафетерија во Струмица не ги почитувала мерките за заштита од корона – вирусот, а во некои локали се одржувале и други големи веселби како свадби. Вели дека овој објект е регистиран како кафуле, а зимската дискотека е ноќен бар и била друга фирма.

Пазарниот инспекторат информира дека извршиле контрола во петокот и ја прекинале забавата, а за клубот е поднесена пријава.

Од инспекторатот потенцираа дека клубовите не смеат да работат и од вечерва ќе се затвораат сите коишто ќе се затекнат отворени.

Освен во Струмица инспекторатот имал пријава и за клуб во Виница, каде што по инспекцијата е прекината забавата, а при  инспекција на клуб во Прилеп, додека стигнале инспекторите, клубот бил затворен.

Полицијата не одговори дали биле во контрола на клубовите и кафетериите, вклучително и на клубот Аватар и дали и колку казни за непочитување на мерките се изречени.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гаши за раперските денови: Ја направивме групата без ниту еден денар во џебот, а снимавме во едно студио на заем

Дејан Дејан

Прешова: Собранието да реагира, Талат Џафери не смее да е премиер, во спротивно треба да констатира престанок на неговиот пратенички мандат

Дејан Дејан

Имало правна пракса во собранието за неспоивоста на две јавни функции, но и неоставање на вакуум на битните институции, тврди Гаши

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе