Вести Избори 2020 Македонија Топ вести

Предвремени парламентарни избори

По србија и хрватска, македонија е трета земја во регионот која спроведува избори во услови на пандемија. Десетите по ред парламентарни избори и петти предвремени се специфични поради здравствените протоколи кои граѓаните треба да ги почитуваат, а и сите вклучени во изборниот процес – носење маска, држење растојание и дезинфекција.

Право на глас според Избирачкиот список имаат  еден милион 814 илјади и 263 граѓани. Поделени се во шест  изборни единици. Денеска е третиот и последен ден од изборите. Први кои гласаа во понеделникот беа лицата кои се позитивни на КОВИД 19, и кои се во задолжителна изолација. Според ДИК пријавени биле 759, а гласале 723 лица, под посебни протоколи. Вчера гласаа болните и изнемоштените, како и затворениците.

Гласовите ќе се бројат по завршување на гласањето во целата држава.

Денешното гласање нема да претставува ризик за здравјето на граѓаните, уверија од  ДИК. Согласно здравствените протоколи предвидени се дезинфекција на самиот влез и излез од гласачките места, а задолжително е и носењето маска.

Се гласа за 15 политички партии и коалиции коишто вкупно имат 1.578 кандидати.

Дијаспората нема да гласа на овие избори, поради тоа што за време на пријавувањето кое се случи пред прогласувањето на вонредната состојба, не се пријавија доволен број наши државјани.

Ситуацијата со корона вирусот го продолжи и времетраењето на гласањето, за два часа, и глачките места ќе се затворат во 21 часот.

За целиот изборен ден ќе фукционира беслатната телефонска линија 0800-54321, кај народниот правобранител, каде гражаните ќе можат да се јават и да пријават неправилности или повреда на избирачкото право. Освен во Скопје, отворени се и канцеларии во Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, а граѓаните во овие градови ќе можат да се јават на следните телефонски броеви.

ТЕТОВО: 044 344-082

СТРУМИЦА: 034 329- 996,

КИЧЕВО: 045 228-586,

БИТОЛА: 047 242-310,

ШТИП: 032 389-701

КУМАНОВО: 031 431-488,

Техничката влада која треба да ги спроведе изборите беше изгласена на 3 јануари, сто дена пред одржувањето на изборите, согласно Пржинскиот договор.

Првично десетите парламентарни избори беа закажани за 12 април, но поради пандемијата со коронавирусот тие беа одложени и презакажани за 15 јули, по долги преговори на политичките партии.

 

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе