Избори 2020 Македонија Најважни

Ахмети без коментар за вчерашните прислушувани разговори

Лидерот на ДУИ Али Ахмети не ја коментира содржината на вчерашните аудио снимки во кои наводно се слуша  гласот на експремиерот Заев кој во неколку исечоци го спомнува законот за јавно обвинителство, дека бомбите важат за 18 предмети за кои има обвиненија до 30 јули 2017-та  но и дека паѓаат истрагите и обвиненијата отворени потоа, како „Поштенска банка“, „Талир 2“ за седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и „Попис“ во кој е осомничен Ахмети.

Сум кажал порано, ќе кажам и сега дека таму нема ништо што е потврдено. Јас сум еден од 120 пратеници што гласале за законот за поништување на пописот, вели Ахмети.

Вчера од СДСМ се огласија дека снимките покажале дека Заев се борел за двотретинско мнозинство во Собранието за носење на законот а предметите продолжуваат иако СЈО не постои. Според  ВМРО-ДПМНЕ оваа бомба е доказ дека судството и обвинителството се под целосна контрола на Заев и велат ќе има одговорност за сите незаконски дејствија.

Но и на последниот ден од кампањата одекнуваат бомби на социјалните мрежи. На ју тјуб каналот „Обнова на режимот“ денеска се појавија 4 нови аудио снимки, на кои наводно се слуша гласот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, кој како што пишува, разговарал со осумте независни пратеници. Законот за ЈО и во фокусот на овие бомби споменува префрлање на предметите од СЈО во ЈО дека било нелегално, а во една од снимките се зборува и за понуда која би се дала на наредната средба.

Десетици бомби беа тајното оружје кои излегоа од скриените арсенали  овие избори. До обвинителството допиреле овие тајно снимени и нелегално објавени гласови, но за сега нема осомничени објавувачи на бомби

Јавното обвинителство ги следи снимките кои се објавуваат  и доколку утврди дека се исполнети елементите на наведеното кривично дело, ќе постапи во рамките на своите надлежности и ќе поведе постапка против евентуалните сторители. Воедно доколку лицата кои се на тие снимки се сметаат дека се оштетени и им се повредени правата, тие тоа можат да го пријават во МВР или во надлежното јавно обвинителство. По евентуално поднесената пријава ќе се постапува за утврдување на идентитетот на сторителот на кривичното дело и за обезбедување за сите релевантни докази, велат од ЈО.

Во однос на содржината на бомбите од Обвинителството повикувајки се на членот 12 од ЗКП велат дека снимките кои се неовластено направени не можат во постапките да се користат како докази, но во досегашната пракса, снимките се земаат како индиции во истрагите за собирање на докази.

Правниците посочуваат дека обвинителството треба да истражува и кој незаконски снима, но и содржината на тие снимки доколку се автентични. Според адвокатот Ѕвонко Давидовиќ дел од снимките опфакаат прашања што се од јавен интерес, како оние за дивограбите, но и снимките кои се однесуваат на судството.

Давидовиќ смета дека овие снимки не треба да се нарекуваат бомби. Вели бомби беа снимките кои нелегално ги снимале во УБК а кои резултираа со СЈО и Шарената револуција а ова е нешто сосема друго.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Претседателот на Управниот суд Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе