Вести Избори 2020 Македонија

742 самоизолирани сакаат да гласаат во понеделник

742 лица побарале да гласаат во понеделник во домашни услови. Нивните пријави се упатени до општинските комисии, кои ќе треба да проверат дали сите ги исполнуваат условите, односно дали поседуваат валидни лични документи и решение за изолација.

Во понеделник, нема да се гласа во Арачиново, Радовиш, Чучер Сандево, Дојран, Центар Жупа, Чашка, Виница, Градско и во уште неколку, вкупно 22 општини. До нивните комисии не е пристигната ниту една пријава. Во текот на денот,се докомплетираа уште 32 посебни избирачки одбори кои в понеделник треба да го спроведат гласањето. Избрани се нови 50-тина здравствени работници, поради изземање на претходните. Од 300 здравствени лица, дури 130 побараа замена.

Евентуалните злоупотреби на правото за изземање, ќе бидат разгледувани дополнително, најавува ДИК.

За гласање во вторник  се пријавени 9 илјади 465 болни и изнемоштени лица. Нивното гласање во домашни услови ќе го реализираат редовните избирачки одбори. Во среда, на 15-ти јули, ќе се гласа од 7 до 21 часот на 3 илјади 390 избирачки места, а на 90 нема да има гласање бидејќи на избирачките списоци се водат помалку од 10 гласачи. Изборната кампања завршува в недела, по што следи тридневен молк.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе