Вести Избори 2020 Македонија

„Бомбите“ како главни адути во изборната кампања

Наместо ветувањата за граѓаните, бомбите станаа главен адут на кампањата за парламентарните избори. Како привршува, така се заострува реториката на партиите. А во етерот секојдневно „летаат“ бомби, па следат ,обвинувања и контраобвинувања.

Така вчера излезе разговорот на Заев со лажната Грета Тунберг во кој тој разговара за затворање аеродроми, населување мигранти, пушење марихуана на јавни места. Заев го оквалификува како хибриден напад и тврдеше дека препознал дека разговара со лажната Грета и повеќе од времето ги оставил пранкерите да зборуваат.

Денеска пак одекне и контрабомба како Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ му вели на Миле Јанакиески да не се чепкаат зградите на Нефи Усеини во Охрид. За веднаш потоа да одекнат два нови разговори на соговорник со мутиран глас и Заев каде тој му вели дека Сашо е спремен за договор, и добива одговор дека тој веќе се гледал со него.

Четири денови пред крајот на изборната кампања. Експертите прашуваат која е целта на партиите?

Изненадувачки е еден нов стил на комуникација, по мене таканаречен реално шоу во кое сме сите внесени, а секојдневно имаме прилика да чуеме разноразни аудио записи кои што откриваат едно нависитна ниско ниво на комуникација од приватни разговори во кои што никој од нас не се снаоѓа најсоодветно.На крај се прашувам која беше целта на кампањите на големите политичи парии. Дали да си го измотивираат своето сопствено членство, па тоа е доволно да кажеме дека имаме успешни избори или да привлечат и неопределени гласачи, вели АНГЕЛСКА ПЕЕВА – лАУРЕНЧИЌ, ПР ЕКСПЕРТ

А во спотовите Мицкоски се фати за чеканот, а Заев за бор-машина.

Едниот како мајстор влезе дома кај граѓаните и им вети обнова дури и на домовите. Другиот по градови, села, фабрики, фарми, пазари тврди дека можат уште повеќе.

Ја постигнуваат ли целта политичките партии да допрат до неопределените, или само ги збунија гласачите?!

Мислам дека како ретко кога гласачите се збунети и не знаат кој што понудил и зошто нешто снимил па им го испорачал како ТВ спот. Која е пораката која треба да стигне до нив. Едноставно не успеаја сите политички партии да ја извлечат суштината што се главните ветувања нивни за следните четири години.Еве секој после овој прилог нека размисли кои се трите ветувања на ВМРО-ДПМНЕ, кои се трите верувања на СДСМ. Не би чепкала во албанскиот блок затоа што таму имаме едно ветување кое не ни ветување, туку  е само можност да имаме премиер албанец- изјави Пеева – Лауренчиќ.

Социјалните мрежи вријат од коментари. А граѓаните не веруваат во ветувањата. Велат партиите ги избегнуваат жешките теми.

Експертите се категорични, главен адут и во бомбите и во спотовите од кампањата остануваат дискредитација на другиот и глорификација – создавање на култ на личност кој може да ги реши сите проблеми.

Но и розова приказна за иднината со наддавање кој и што повеќе ќе понуди.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе