Вести Ковид19 Свет

СЗО: Има докази дека коронавирусот се пренесува преку воздух

Светската здравствена организација призна дека постојат докази за пренесување на Ковид-19 преку воздух, откако 239 меѓународни научници посочија на таква можност.

-Признаваме дека на тоа поле се појавуваат докази. Можноста вирусот да се пренесува преку воздух на јавни места, особено во посебни услови, доколку се преполни, не може да се исклучи. Но, доказите мора да се соберат и да се толкуваат, рече претставничката на СЗО Бенедета Алегранзи,  на брифинг во Женева.

Стотици научници тврдат дека постојат докази дека мали честички на новиот коронавирус во воздухот можат да заразат луѓе, и ја повикаа Светската здравствена организација да ги ревидира препораките.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе