Ковид19 Македонија Најважни

Комисијатa бара враќање на ПЦР тестовите

ПЦР тестовите се враќаат на македонските граници и тоа за граѓаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Комисијата за заразни болести на состанок утрово донела одлука од утре за граѓани од овие четири земји за влез во земјава да биде задолжителен ПЦР тест. Министерот за здравство рече дека земјава мора да се заштити од увоз на вирусот.

Вирусот во овие земји е навистина многу попроширен, што значи дека ние мора да се заштитиме. Ова е сосем соодветна мерка согласно последните податоци, мораме да ги заштитиме нашите граѓани. За овие четири земји денеска поднесовме барање до владата да важи за нивните државјани да мора за влез во нашата земја да имаат ПЦР тест не постар од 72 часа, изјави Филипче.

Препорака на Комисијата е мерката да се воведе од утре, за што од владата за Телма информираат дека до вечер ќе се одржи седница на која ќе се решава по оваа препорака.

Инаку Комисијата препораката ја донела врз основа на епидемиолошката состојба во соседните земји и информациите кои стигнуваат од тамошните здравствените власти. Иминативе денови таму е регистрирано зголемување на бројот на забоелни од коронавирус. Во Србија само вчера се регистрирани 299 нови случаи и 13 смртни случи, а слична бројка на новозаболени имаше и ден претходно. Вкупната бројка на активни случи таму е поголема од 3.000. Состојбата со коронавирусот е најкритична во јужна Србија. Српската влада вчера воведе и вонредна состојба во 16 града во земјата, како и викенд полициски час, за да го спречи ширењето на вирусот.

И Косово воведе полициски час во неколку свои града откако бројот на заболени минатата недела почна значително да се зголемува. Во некои денови таму се регистрира и по 50 проценти позитивни од дневно направените тестови. Филипче денеска изјави дека не би било за изненадување досега косовски граѓани да доаѓале во земјава за тестирање за Ковид-19 со оглед на лимитираните капацитети за тестирања во Косово.

Босна и Херцеговина пак само вчера регистрираше 163 нови случаи и осум починати од Ковид-19. Бројот на активни случаи и таму е 2.700. Црна Гора која има околу половина милион жители има 520 активни случаи на Ковид-19, а само вчера таму се регистрирани 66 нови позитивни.  Албанија која не се најде на списокот на земји за чии граѓани е потребен ПЦР тест за влез во Македонија , во моментов има 1.200 активни случи, а само вчера таму се регистрирани 74 нови позитивни.

Македонија на 17 јуни дозволи влез во земјава, но со задолжителен ПЦР тест не постар од 72 часа или одење во 14 дневен каранти, за само девет дена потоа на 26 јуни да ги отвори границите без какви и да е контролни мерки за коронавирус.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Претседателот на Управниот суд Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе