Вести Избори 2020 Македонија

300 здравствени работници за гласањето на 19 изолирани

19-те пријавени за гласање на 13-ти јули покажуваат минимален интерес кај болните или изолираните заради ковид 19. Но, армија од 300 здравствени работници се подготвува да спроведе гласање на 13-ти јули. ДИК формираше 87 посебни избирачки одбори, составени од партиски и медицински тимови, кои ќе спроведат гласање во домашни или болнички услови. При пријавувањето, кое може да биде со полномошно, преку меил или со едноставна апликација, мора да се приложи решение издадено од Здравствениот инспекторат. Во ДИК не помина предлогот пријавувањето за гласање да се прави само со потврда дека тестот за ковид е позитивен.

Мнозинството членови на ДИК не се согласи. Според законот, дозволата за гласање во домашни или болнички услови мора да биде базирана на документ. Упатството донесено уште на 25-ти јуни предвидува решение од Инспекторатот.

Стотина избрани здравствени работници во избирачките одбори побарале изземање. 20тина барања се одбиени како неоправдани, а на другите членови им е определа замена со нивни колеги по случаен избор. Рокот за пријавувањето за гласање на 13-ти и 14-ти истекува утре на полноќ, а сите што ќе заболат или заминат во изолација, нема да може да гласаат. Како во пракса ќе изгледа гласањето на 15-ти јули, почнувајќи од пристигнувањето на гласачкото место, идентификацијата, самото гласање и дезинфекцијата, ќе биде појасно од симулацијата што се планира за утре. Здравствените власти уверуваат дека гласањето ќе биде безбедно.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

100-те највлијателни лица во светот за 2024 година

Дејан Дејан

Уапсена претседателката на Антикорупциската комисија во Црна Гора поради сомнежи за злоупотреби со дневници и службени возила

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – хроника 17.04.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе