Ковид19 Најважни Свет

Отворена истрага на инфективно во Приштина – четворица починати од Ковид-19 на обдукција

Обвинителството нареди истрага, а полицијата влезе во Клиниката за инфективни болести во Приштина. Кај надлежните постојат сомнежи дека синоќа, четири лица од вкупно 12 починати заразени со Ковид починале на Одделот за инфективни болести затоа што биле приклучени на ист респиратор. Ова кај властите го пријавиле семејствата на пациентите. Утрово влезовите на Клиниката беа целосно блокирани, а објектот беше под опсада на голем број полицајци. Освен полицијата која ја обезбедуваше болницата, на местото имаше и форензичари. Снимени беа како ги носат телата на починатите за да им направат обдукција и да потврдат дали се точни сомнежите дека имало грешки при нивното лекување. Наглото зголемување на бројките и бројот на починати во текот на ноќта ги зголемило сомнежите кај надлежните. За целиот овој случај косовската Влада денес одржува и владина седница. Политичари од други големи косовски партии бараат Владата итно да размисли како да се помогне здравствениот систем и да се сноси товарот.

Ситуацијата на Клиниката за инфективни болести се влошува, денешните слики со полицијата се крајно загрижувачки. Итно е пандемијата да биде сфатена сериозно од владата на Хоти. Со оглед на новата состојба, неодамнешните смртни случаи и зголемувањето на бројот, мора да се разгледаат мерките што е можно поскоро и да се преземат конкретни активности за да се запре оваа сериозна состојба. Ковид-19 има преоптоварено и други здравствени системи поголеми од косовскиот, Уран Исмајли – Пратеник на ПДК.

Косовскиот министер за здравство Арменд Земај порача дека Косово има потенцијал да се справи со вирусот, а случувањата на Инфективната клиника ги оцени како саботажа.

Оние коишто се обидуваат да ја саботираат нашата работа само намерно го загрозуваат здравјето на граѓаните. Во моментов имаме потенцијал да се соочиме со вирусот. Ние мора да се однесуваме според препораките на надлежните медицински професионалци, Арменд Земај, министер за здравство.

Во меѓувреме медиумите од соседството пренесуваат за нагло зголемување на бројот на новозаболени лица во Косово. Во последниот круг тестирања, од само 346 тестови дури 178 се покажале позитивни што е речиси точно 50%. Од почетокот на пандемијата таму починаа вкупно 70 луѓе.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Израелските власти разгледувале опции за одмазднички напад врз Иран, но се повлекле од планот, тврдат медиуми во Израел и САД

Дејан Дејан

УНРВА се жали на односот од израелските сили кон нејзиниот персонал

Дејан Дејан

Американскиот Конгрес на 20 април ќе гласа за помошта за Украина и Израел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе