Ковид19 Македонија Топ вести

Преку огласи се бараат донори на плазма против Ковид 19, за сега не се размислува за регистар

Итно се бара  плазма за пациент со крвна група А кој е болен од Ковид 19. Вакви огласи со пациенти од различни крвни групи се почесто може да се видат и на социјалните мрежи и на интернет порталите. На најразличен начин луѓето се обидуваат да дојдат до плазма.

Со дел од нив разговараше и Телма, велат дека во моментот кога им било речено дека ќе треба плазма за да се подобри состојбата на нивен близок роднина самоиницијативно пишувале огласи и покрај тоа што во институтоит за трансфузиологија веќе се правеле обиди да се дојде до донор. Некои успеале преку огласите, други преку институтот.

Директорот Садула Усеини вели дека процесот за да се дојде до ковалесцентна плазма е преку податоците за излекувани пациенти кои ги има во клиниките и другите здравствени установи. Но за регистар на потенцијални донори за сега не се размислува бидејки главниот услов е излечениот од Ковид 19 да има раззвиено доволен број на антитела.

Од болницата 8 ми спетември која е и ковид центар велат тим од доктори одлучуваа на кој пациент би можело да му помогне плазмата, се пушта барање до институтот за трансфузиологија со потребните податоци за крвната група и доколку кај нив веќе има плазма веднаш се одобрува. Сепак не секој пациент може да ја прими во секое време.

До сега во градската болница околу 10 тина пациенти примиле плазма и кај голем дел  таа помогнала. Сепак има и такви кој не дочекале да им се стабилизираат параметрите па залудни биле напорите за барање на плазмата. Во моментов пак на институтот има само четири единици на ковалесцентна плазма. Вкупно од стартот на кризата се издвоени 46 а 42 ца пациенти примиле плазма.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе