Ковид19 Македонија

Парични казни за 50 лица во Скопје за непочитување на здравствените прописи​

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 50 лица кои го сториле  кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не го почитувале полицискиот час, односно не се придржувале кон одлуките за забрана и посебен режим на движење на населението на територијата на државата, донесени од Владата на Република Северна Македонија.

Надлежен јавен обвинител предложи за 49-мина од обвинетите да биде изречена парична казна од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност. За еден обвинет предложена е парична казна во вкупна висина од 2500 евра, бидејќи лицето се товари дека сторило продолжено кривично дело согласно член 45 од Кривичниот законик, односно полицискиот час го прекршил во повеќе наврати.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе