Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој долго се противеше на носење покривка на лицето, во драстична промена на својата позиција, денеска изјави дека целосно го поддржува носењето маски, додавајќи дека лично тој со маска, личен на популарниот лик од американската култура – осамениот ренџер, фиктивниот борец против безаконието на дивиот запад.
Трамп исто така подолг период тврдеше дека маските не треба да станат задолжителни за да се спречеи ширењето на Ковид-19. Интервјуто на Трамп за неговата омилена кабелска телевизија Фокс и изненадувачката препорака за носење маски следува по силните сугестии на републиканските лидери до американскиот претседател да носи маска како пример за своите поддржувачи да го прават истото.
- Јас сум за маските. Мислам дека маските се добри. Ако сум во група луѓе и тие се блиску до мене.
- Би носеле и вие.
- Да, би носел. Мислам, јас веќе сум носел, луѓето ме виделе дека носам маска. Ако сум во група луѓе со кои не сме, знаете, на растојание од 10 метри, но најчесто јас не сум во таа позиција и сите се тестирани затоа што јас сум претседател, тие се тестираат пред да се видат со мене. Но, ако сум во тесен простор со многу луѓе, апсолутно би се тестирал, рече Трамп.
Иако вчера САД имаа досега рекорден број потврдени нови случаи корона вирус од 52 000 заразени, Трамп повторно процени дека вирусот едноставно ќе исчезне.
Економското заздравување ни е многу силно и ќе продолжи така, само нагоре и мислам дека ќе бидеме многу добри и покрај коронавирусот. Мислам дека во одреден момент, тој едноставно ќе исчезне. Се надевам, рече Трамп.
- Се уште верувате во тоа? Ќе исчезне?
- Да, верувам. Секако. Во одреден момент. Мислам дека набргу ќе имаме и вакцина, исто така, одговори Трамп.
Во САД досега имаме речиси 2,7 милиони потврдени инфекции Ковид-19 и над 128 000 смртни случаи.
Трамп досега често пати повторуваше дека тој нема да носи маска а огромен дел од неговите најжестоки подржувачи, ова прашање го третираат како нарушување на нивните човекови права. Сепак, голем број републикански лидери последните денови повикаа на носењето маски како заштита на животите на американските граѓани. Меѓу нив и потпретседателот на САД, Мајк Пенс, како и лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Мекконел.
Истворемено и првиот експерт за инфективни болести во САД, Ентони Фаучи, во своето обраќање пред Конгресот, подвлече дека бројот на нови случаи корона вирус во соединетите држави би можел да се зголеми до 100 000 секој ден.
Пораст на пандемијата во повеќе сојузни држави, ги принуди да ги запрат или вратат назад плановите за отворање на епидемијата. 20-тина држави донесоа одлука за задолжително носење маски во јавност.
Никола Илиевски