Свет

Трамп смета дека носењето маски е личен избор

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека одлуката за носење заштитна маска, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, е личен избор на секој поединец, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Кејли Макенани.

Негова одлука е да носи маска. Личен избор на секој поединец е дали ќе носи маска или не, рече Макенани на барањето да ја коментира новата наредба за носење заштитни маски во Џексонвил, Флорида, каде ќе се одржи дел од конвенцијата на републиканците за номинација на оваа партија за претседател на САД.

Макенани рече дека Трамп ги охрабрува луѓето да донесат каква било одлука што е најдобра за нивната безбедност.

Но, тој ми рече дека нема проблем со носење маски, рече Макенани и им порача на граѓаните да го направат она што од нив го бараат надлежните на локално ниво.

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо денеска изјави дека Трамп треба да издаде наредба за задолжително носење заштитни маски во јавност и го повика тој да биде пример за другите, со тоа што ќе носи маска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку девет луѓе се убиени во израелските напади во јужен Либан

Igor Trajkov

(Видео) Ирански дронови го нападнаа аеродромот во Кувајт – едно убиено лице, над 60 повредени

Igor Trajkov

Генерален 24 часовен штрајк ја парализира Португалија

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе