Новата (19-та по ред) сезона на КОД започна на 22-ри септември 2024-тата година. Од февруари 2007-ма, КОД е на малите екрани, со своите истражувачки стории, анализи и реконструкции на решени и нерешени најтешки криминални случаи.
Првата емисија на КОД е емитувана во февруари 2007-ма година и досега овој новинарско-истражувачки магазин има 19 сезони.
Емисиите се во траење од 28 до 45 минути и обработуваат најразлични теми, од актуелни и горливи прашања, до оригинални истражувања во кои главен носител се човечки приказни кои се соочиле со неправдата на државниот и на судскиот систем.
Досега се емитувани над 500 продолженија.
КОД е добитник на повеќе награди и признанија, досега има добиено 7 награди за истражувачко новинарство (или тимски истражувања или поединечни истражувачки приказни).
КОД се емитува секоја недела од септември до крајот на јуни во терминот од 19:15 часот.