BBC во својата програма во живо прикажува снимки од воздух од Бакингемската палата, седиштето на Британската монархија, на кои се гледа дека знамето на Велика Британија е спуштено на половина копје во моментите кога е објавена смртта на кралицата Елизабета Втора.
Пред палатата се собрани стотици Британци кои беа присутни на објавувањето на смртта на кралицата.
Таа почина во замокот Белморал во Шкотска каде во текот на попладнето пристигнаа членови на кралското семејство, меѓу кои и наследникот на тронот, кралот Чарлс.
Почина мирно, објави семејството кое со авиони и автомобили пристигна во Шкотска каде е почната процедурата по протоколот “Лондон бриџ”, операција која се спроведува во случај на смрт на кралицата.
Кралицата Елизабета Втора беше крунисана во 1952-ра година и на британскиот трон беше 7 децении.
Операција Лондон Бриџ: Протокол во случај на смрт на британската кралица
